Софтверски ажурирања преку етерот
Вашиот добавувач на услуги може да прати ажурирања на софтверот за
телефонот преку етерот, директно до вашиот телефон (мрежна услуга). Оваа
опција може да не биде достапна, во зависност од вашиот телефон.
Даунлоадирањето на надградби на софтвер може да вклучи пренос на големи
количини на податоци (мрежна услуга).
Осигурајте се дека батеријата на уредот има доволно меморија, или поврзете
го полначот пред да ја стартувате надградбата.
Предупредување:
Ако инсталирате надградба на софтвер, не можете да го користите уредот, дури
ни за остварување на итни повици, се додека инсталацијата не е завршена и
уредот е рестартиран. Уверете се дека сте направиле резервна копија на
податоците пред да прифатите инсталација на ажурирање.
Поддршка и надградби 25
Поставки за софтверско ажурирање
Оваа опција може да не биде достапна, во зависност од вашиот телефон.
За да дозволите или забраните автоматски надградби на софтвер, одберете
Мени
>
Прилагодувања
>
Телефон
>
Надг. на телефонот
>
Авто. надг. на
софт.
.
Барање на софтверско ажурирање
1 Изберете
Мени
>
Прилагодувања
>
Телефон
>
Надг. на телефонот
за
да побарате достапни софтверски ажурирања од вашиот добавувач на
услуги.
2 Изберете
Мом. дет. за софтвер
за да се прикаже тековната верзија на
софтверот и да се провери дали е потребно ажурирање.
3 Изберете
Даун. тел. софтвер
за да преземете и инсталирате софтверско
ажурирање. Следете ги упатствата на дисплејот.
4 Ако инсталацијата е откажана после преземањето, изберете
Инс. надг. на
софтв.
за да ја започнете инсталацијата.
Софтверското ажурирање може да трае неколку минути. Доколку има
проблеми со инсталацијата, контактирајте со вашиот добавувач на услуги.