
Поддршка
Кога сакате да дознаете повеќе за тоа како да го користите Вашиот производ
или сте несигурни како тој треба да функционира, видете ги страните за
поддршка на www.nokia.com/support или Вашата локална Nokia web страна,
или со мобилен уред, www.nokia.mobi/support.
Ако ова не ги разреши Вашите дилеми, направете едно од следново:
•
Рестартирајте го уредот: исклучете го уредот, и отстранете ја батеријата.
По околу минута, вратете ја батеријата на своето место и вклучете го
уредот.
•
Вратете ги оригиналните фабрички прилагодувања како што е објаснето
во упатството за корисник.
Поддршка и надградби 23

•
Надградувајте го редовно софтверот на Вашиот уред за оптимални
перформанси и можни нови услуги, како што е објаснето во прирачникот.
Доколку Вашите дилеми останат нерешени, контактирајте со Nokia за опции за
поправање. Погледнете www.nokia.com/repair. Пред да го испратите Вашиот
уред на поправка, секогаш направете резервни копии на податоците во
Вашиот уред.