USB податочен кабел
Можете да го користите USB податочниот кабел за пренос на податоци помеѓу
телефонот и компатибилен компјутер или принтер кој поддржува PictBridge.
За да го активирате телефонот за пренос на податоци или печатење на слики,
поврзете го податочниот кабел и изберете го режимот.
PC Suite — за да го користите USB кабелот за податоци за Nokia Ovi Suite или
Nokia PC Suite
Печатење и медиа — за да го користите телефонот со PictBridge
компатибилен принтер или со компатибилен компјутер
Складира. податоци — за да се поврзете на компјутер кој нема Nokia софтвер
и да го користите телефонот за сместување податоци
За да го смените USB режимот, изберете
Мени
>
Прилагодувања
>
Конективност
>
USB дата кабел
и саканиот USB режим.