
Прилагодувања за безбедност
Одберете
Мени
>
Прилагодувања
и
Безбедност
.
Кога се користат функциите за заштита што ги ограничуваат повиците (како
што се забрана за повик, затворена корисничка група, и фиксно бирање),
можни се и повиците до официјалниот итен број програмиран во Вашиот уред.
Забраната за повик и пренасочувањето на повик не можат да бидат активни
во исто време.
Одберете од следново:
Барање на PIN код или Барање за UPIN код — Поставете го уредот да го бара
Вашиот PIN или UPIN код секогаш кога уредот ќе се вклучи. Некои SIM картички
не дозволуваат барањето на кодот да биде деактивирано.
Усл. за заб. на повик — Ограничете ги дојдовните повици до и појдовните
повици од Вашиот уред (мрежна услуга). Се бара лозинка за забрана.
Фиксно бирање — Ограничете ги Вашите појдовни повици до одбраните
телефонски броеви доколку е поддржано од Вашата SIM картичка. Кога е
активирано фиксното бирање, GPRS конекциите не се можни освен додека
испраќате текстуални пораки преку некоја GPRS конекција. Во овој случај,
телефонскиот број на примачот и бројот на центарот за пораки мора да бидат
вклучени во листата на фиксно бирање.
Затвор. корис. група — Дефинирајте група на луѓе на кои можете да им се
јавите и кои можат да ви се јавуваат Вам (мрежна услуга).
Ниво на безбедност — За да се бара безбедносниот код кога нова SIM
картичка ќе се вметне во уредот, одберете
Телефон
.
Пристапни кодови — Променете го безбедносниот код, PIN кодот, UPIN
кодот, PIN2 кодот, или лозинката за забрана.
28 Направете го ваш уред

Барање на PIN2 код — Поставете го уредот да го бара PIN2 кодот кога
користите специфична функција на уредот заштитена со PIN2 кодот. Некои SIM
картички не дозволуваат барањето на кодот да биде деактивирано. Оваа
опција може да не е достапна во зависност од Вашата SIM картичка. За детали,
контактирајте со Вашиот обезбедувач на услуги.
Код што се користи — Прикажете и одберете го типон на PIN код што ќе се
користи.
Серт. за авторитет или Серт. на корисници — Прикажете ја листата на
овластени или кориснички сертификати достапни во Вашиот уред.
Прил. на мод. за без. — Прикажете Детали за безб. мод., активирајте
Бара.
за модул PIN
, или променете го модуларниот PIN и PIN-от за потпис.