Nokia X3 00 - Мапи и GPS

background image

Мапи и GPS

Вашиот уред нeма внатрешна GPS антена. За да користите апликации кои

бараат GPS конекција, користете компатибилен надворешен GPS приемник

(додаток кој се продава одделно). Спарете го GPS приемникот со Вашиот уред

користејќи Bluetooth безжична технлологија. За повеќе информации, видете

го упатството за корисникот на GPS приемникот.
Можете да го користите Глобалниот систем за позиционирање (GPS) како

поддршка на апликацијата Мапи. Пронајдете ја Вашата локација или мерете

растојанија и поставете координати.

74 Мапи

background image

По спарувањето на Вашиот уред со некој надворешен GPS приемник, може да

потрае неколку минути за уредот да ја прикаже моменталната локација.
Глобалниот систем за позиционирање (GPS) е управуван од Владата на

Соединетите Држави, која е единствено одговорна за точноста и одржувањето

на системот. На точноста на податоците на локацијата може да влијае

прилагодувањето на GPS сателитите кое го прави Владата на Соединетите

Држави и е предмет на промена со политиката за цивилен GPS на

Министерството за Одбрана на Соединетите Држави и Федералниот

Радионавигационен План. На точноста исто така може да влијае и слабата

геометрија на сателитите. На достапноста и квалитетот на GPS сигналите може

да влијае и Вашата околина, згради, природни пречки како и временските

услови. GPS сигналите може да не се достапни во внатрешноста на згради или

под земја и може да бидат попречени од материјали како што се бетон или

метал.
GPS не треба да се користи за прецизни мерења на локации, и не треба никогаш

да се потпирате единствено на податоците за локацијата од GPS приемникот и

на мобилните радио мрежи за позиционирање или навигација.