Nokia X3 00 - Управување со дигитални права

background image

Управување со дигитални права
Сопствениците на содржини може да користат различни типови на технологии за управување со дигитални права

(digital rights management - DRM) за да ја заштитат нивната интелектуална сопственост, вклучувајќи ги и авторските

права. Овој уред користи разни типови на DRM софтвер за пристап до DRM заштитени содржини. Со овој уред можете

да пристапите до содржини заштитени со WMDRM 10, OMA DRM 1.0, OMA DRM 1.0 forward lock, и OMA DRM 2.0. Ако

одреден DRM софтвер не успее да ја заштити содржината, сопствениците на содржини може да побараат таквата

можност на DRM софтверот да пристапува до нови DRM заштитени содржини да биде поништена. Поништувањето

може исто така да спречи обновување на таквите DRM заштитени содржини кои веќе се во Вашиот уред.

Поништувањето на таквиот DRM софтвер не влијае на користењето на содржини заштитени со други типови на

DRM или на користењето на содржини кои не се заштитени со DRM.

Информации за производот и безбедноста 83

background image

Содржините заштитени со DRM доаѓаат придружени со лиценца што ги дефинира Вашите права за користење на

содржината.

Ако Вашиот уред има OMA DRM-заштитена содржина, за да направите резервна копија на лиценцата и на

содржината, користете ја функцијата за правење резервни копии на Nokia Ovi Suite.

Другите методи на префрлување може да не ја префрлуваат лиценцата која треба да се поврати со содржината за

да можете Вие да продолжите со користење на содржината заштитена со OMA DRM откако меморијата на уредот

ќе биде форматирана. Може исто така да треба да ја повратите лиценцата во случај датотеките на Вашиот уред

да бидат оштетени.

Ако Вашиот уред има содржина заштитена со WMDRM, и лиценцата и содржината ќе бидат изгубени ако меморијата

на уредот се форматира. Може исто така да ги загубите лиценцата и содржината ако датотеките на Вашиот уред

бидат оштетени. Губењето на лиценцата или на содржината може да ја ограничат Вашата можност за повторно

користење на истата содржина на Вашиот уред. За повеќе информации, контактирајте го Вашиот оператор.

Некои лиценци може да се поврзани со некоја специфична SIM картичка, и на заштитената содржина може да и

се пристапи само ако SIM картичката е вметната во уредот.